Велковски: Никој не може да ги договори бројките на пописот

by Фокус

Ние како држава сме единствени кои две децении немаме попис, пописот не е потребен само да видиме колку сме, туку за регионален развој на државата, зошто се иселуваат младите, смета пратеникот на СДСМ, Диме Велковски. Тој на Алсат М истакна дека пописот ќе биде комбиниран и со теренско попишување и со вкрстување на дата-базите на институциите.

-Ова не е политичка операција, како што ја преставува опозицијата, тоа не ни може некој да го договори, мислам на бројот на население – рече Велковски.

Тој додава дека од земјава заминуваат припадници на сите етнички групи.

-Младите се иселуваат одамна. Од кај нас заминуваат и Македонци и Албанци. Потребна ни е образовната структура која е важна за бизнисот, локално е важно дали населението старее, ние немаме попис на куќи и станбени единици, значи многу аспекти ќе ни одговори пописот – рече Велковски.

Поврзани новости