Велковски: МВР нема законска можност снимките од инцидентот со полицајката да ги објави јавно

by fokus

МВР нема законска можност да ги објави снимките од инцидентот на Бекир Асани, висок функционер во ДУИ со полицајката, која со „пајак“ возило сакаше да го отстрани неговиот автомобил, изјави на денешната прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски.

Во однос на овој случај, Велоковски ја повтори вчерашната изјава на министерот Оливер Спасовски дека од страна на МВР целокупниот материјал што е обезбеден за случајот со полицајката е предаден до Основното јавно обвинителство.

– За снимките постои законска процедура во кои рамки и на кој начин се обезбедуваат и се доставуваат до ОЈО. Од тие причини ние не сме во можност да ги објавиме снимките во медиумите, туку занконска обврска е да ги доставиме до ОЈО, рече директорот на БЈБ.

Полицајката во МВР веќе појасни дека Асани не ја нападнал физички, туку само вербално, а таа самата си ја удрила раката од „пајакот“. За разлика од нејзината изјава во јавноста веќе се шпекулира дека таа и физички била нападната од Асани.

 

Поврзани новости