Велипеток – ден на Христовите страдања

by Фокус

Православните христијани го слават Велигден, најголемиот и најстариот христијански празник, во спомен на Христовото воскресение, неговата победа над смртта и гревот.

Денес е Велипеток или денот на Христовите страданија. На Велипеток, Исус од Назарет бил распнат на крстот на Голгота.

Велипеток се смета за најтажен ден на христијанството, а на тој ден во црквите не се служи литургија, освен ако не се совпадне со Благовештението.

Црковните учења велат дека Исус бил распнат во петок, лежел во гробот во сабота, во градината на Јосиф, а во мугрите во недела бил почувствуван силен потрес и ангелот Божји слетал на гробот.

Стражарите што го чувале гробот од страв попаѓале како мртви, а Исус воскреснал.

Велипеток е ден кога под крстот на Христос останале само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени.

Тоа го сториле мотивирани од љубовта кон Христос.

Велипеток е ден на оплакувањето и молк, по што следува период на исчекување на воскресението.

Празникот е поврзан со обичајот на давање јајца што се вапсуваат на Величетврток.

Јајцето е симбол на обновувањето на природата и животот, што го симболизира Исус како излегува од гробот и повторно се раѓа.

Според обичаите, првото обоено јајце со црвена боја се остава на страна до следниот Велигден и му се придава посебно значење.

Првото црвено јајце се вика чуварско јајце, се чува на посебно место за да не се скрши. Нему му се припишуваат посебни својства – исцелување, плодност, заштита од градот и злите сили.

Има многу обичаи поврзани со велигденските јајца, какви што се: подарување јајца, чукање со јајца и гаѓање на јајцата со парички.

Чукањето со јајца укажува на Велигден како пресвртница во времето, како насочување кон нешто ново и будење на животот.

Црвената боја ја симболизира Исусовата пролеана крв на Голгота, но и бојата на воскресението.

Поврзани новости