Велика Британија загрижена дека Русија може да употреби хемиско оружје

by fokus

Велика Британија е „многу загрижена“ поради можноста Русија да употреби хемиско оружје во Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас за Си-Ен-Ен.

– Ако Русија одлучи да го стори тоа, тоа ќе биде огромна грешка – заедно со сите други грешки што Путин ги направи досега, рече Трас.

Белата куќа вчера предупреди дека Русија може да употреби хемиско оружје или дури и да организира лажен напад во кој се користи хемиско оружје, за што вината би паднала врз Украина.

Поврзани новости