513
На сите руски банки во Велика Британија ќе им биде замрзнат имотот во рок од неколку дена. Тоа денеска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.
– Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од кооридинација со нашите сојузници, нагалси Трас во Парламентот.
Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.