Велика Британија целосно го прекина увозот на руски течен гас

by fokus

Велика Британија од денеска целосно го прекина увозот на руски течен природен гас (ЛНГ), што е нова мерка во одговорот на Лондон на војната на Москва во Украина, пишува Гардијан.

Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Твитер соопшти дека од денеска целосно е прекинат увозот на руски ЛНГ, „како дел од одговорот на илегалната инвазија врз Украина“.

- Advertisements -

Велика Британија уште во октомври ја соопшти својата одлука да го прекине увозот на руски гас од јануари 2023 година.

Поврзани новости