Обединетото Кралство стана првата земја која референдумски се изјасни за излез од Европската Унија.
На вчерашниот референдум за излез од ЕУ гласаа 52 отсто од гласачите, додека 48 отсто гласаа за останување во Унијата.На референдумот е забележена рекордна излезеност, од 72 отсто или околу 46,5 милиони гласачи.
По резултатите, премиерот Дејвид Камерон најави дека ќе поднесе оставка од функцијата. На премиерското место останува во наредниоте три месеци.
Во обраќањето со јавноста, Камерон истакна дека треба да се почитува волјата на народот. Британците, рече тој, со историскиот референдум испратија јасна порака по кој пат сакаат да оди земјата. Затоа на Британија и треба ново водство.
Процесот на одделување од ЕУ може да трае најмалку две години, но, како што ветуваа поддржувачите на опцијата за напуштање на ЕУ уште за време на кампањата, целиот процес треба да заврши до 2020 година, датумот кога се закажани следните избори во Велика Британија.