Ценовниот шок веќе на големо се чувствува, а во пресрет на празникот Велигден тоа ќе биде уште поизразено, сметаат граѓаните. Празничната трпеза очигледно ќе биде поскромна со оглед на цените, велат повеќето граѓани.
Табла јајца се продава и по цена од 300 денари, а јагнешко месо достигна цена и од 500 денари за килограм. И цените на зеленчукот претпразнично се зголемија. Граѓаните негодуваат, но не се откажуваат од традицијата.
На пазарите и во маркетите јајцето се продава и по 10 денари. Големите маркети откако понудија високи цени, сега нудат претпразнични попусти, но сепак пакување од 15 јајца класа М чини 119 денари.
-Пред еден месец цела табла јајца чинеше 120 денари. Поскапе и брашното и шеќерот, па и милибродот годинава ќе биде поскап, а за зеленчукот да не зборувам, вели скопјанката Катерина С.
Годинава цената на јагнешкото месо е многу повисока споредено со претходните десетина години, кога се движеше од 300-350 денари за килограм. Пред Велигденските празници продажната цена е 450 до 500 денари.
Не е исклучена можноста пред празникот, еден килограм јагнешко месо да достигне 600 денари, велат вработените во месарниците.
Сувомесните и млечните производи, се продаваат по цени и за 50 отсто повисоки од лани за Велигден.
Младите компири се продаваат по цена од 55 до 70 денари, доматите по цена од 160 до 260 денари, краставиците достигнуваат цена до 100 денари.
-Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов.
С.Т.
– Треба да има сè на трпезата како што налага традицијата. Како и секоја година пред празникот сè е поскапо, но ќе купиме помалку колку да има. Јајцата, иако рекоа дека ќе имаат пониска цена, цел месец поскапуваат. Деновиве, табла зависно од класата може да се најде за 214 денари, но и за 255 до 300 денари. Пред еден месец табла јајца можеше да се купи и за 119 денари. Поскапе и брашното и шеќерот, па и милибродот годинава ќе биде поскап, а за зеленчукот да не зборувам – вели Ангелина Т.
И месарниците информираа дека ги намалиле претпразнично цените на месото. Но, јагнешкото достигна цена од 460 денари за килограм. Во некои од големите маркети најниската цена на јагнешко месо е 390 денари за килограм, но го има и за 449 денари. Во некои продавници и месарници ова месо со денови го нема во понудата и како што велат продавачите, нема ни да го има.
Високата цена на јагнешкото месо ја правдаат и сточарите кои велат дека и откупна цена на јагнето што останало непродадено пред празниците пораснала.
Можеби ќе ве интересира
ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ГО НАПОЛНАТ ОХРИД СО ТУРИСТИ Се очекуваат…
МИА 18/04/2022
ДРАСТИЧНО ПОСКАПЕ И НАЈЕВТИНОТО МАСЛО – ПАЛМИНОТО Луѓето…
Драгица Христова 15/04/2022
– Пред велигденските празници јагнешкото месо во продавниците се продава по цена од 400 до 500 денари. Причина за поскапувањето е сè повисоката откупна цена на јагнето која се искачи на 200 и повеќе денари за килограм жива мера, а поради зголемениот извоз, за домашниот пазар останаа помали количини – вели сточар.
И салатата и слатките годинава за празниците се поскапи од лани. Цената на краставиците, доматите, на младото лукче, кромитче и пипер како и на брашното и шеќерот изминатиов месец достигнаа највисоки цени. Краставиците моментално се продаваат по цена од 80 денари за килограм, половина килограм блага пиперка има цена од 160 денари, доматите ги има по цена од 120 денари за килограм. Китка лук и кромид е 30 денари. Викендов се очекува дополнително ќе поскапат поради празникот.
И за подготовка на оброкот по се изгледа ќе го имаме и маслото за јадење. Денеска еден од производителите на масло за јадење, како и министрите за економија и за земјоделство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, изјавија дека за време на празниците ќе има доволно количини зејтин со цена далеку пониска од соседството.
– Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат резерви, изјави Горан Лазов, генералниот директор на фабриката „Кристал“ од Велес.
Овој Велигден и 1 Мај се со продолжени викенди, па дел од граѓаните ќе поминат и во туристичките локалитети. Охрид веќе традиционално се полни за вакви викенди, но граѓаните одат и на други помалку познати туристички локалитети.
– Имаме два празнични викенди па можеби едниот ќе го искористиме во некој туристички локалитет во земјава. Не е само Охрид убав за празници има и помалку познати места во земјава каде што може убаво да се помине. Годинава ќе може да одам во некој од манастирите за Велигден или во прекрасното убаво место на Шар Планина „Петачко водиче“ во близина на село Беловиште – вели Михаела а од Скопје.
Туристичките агенции нудат патување на Велигден и на 1 Мај во Рим Париз, Истанбул, Атина или во Египет. Цените зависат од тоа колку ноќевања има аранжманот и од агенција до агенција. Со ТА Савана на пример 2 дена во Атина чинат 119 евра, а три ноќи во Истанбул 299 евра. Најскапо е за Париз каде што 4 ноќи чинат 499 евра.