485
Осомничениот велешанец што вчера го уби соседот и го повреди неговото семејство доби 30-дневен притвор.
Повредените во вчерашната крвава драма во Велес се надвор од животна опасност.
Најтешко повредена била сопругата на сега починатиот, која се здобила со фрактури на черепот од ударите кои и ги нанел осомничениот со чекан, но од скопската клиника за неврохирургија информираат дека сега е надвор од животна опасност.
Телото на починатиот пак е дадено на обдукција.