Велешкото јавно комунално претпријатие Дервен склучило договор со агенцијата за привремени вработувања Контакт Бизнис во висина од 151,5 илјади евра.
Според Бирото за јавни набавки, се работи за набавка за обезбедување на персонал и привремен кадар во период од една година.
Во договорот склучен меѓу двете страни се наведува дека компанијата има обврска да му отстапува вработени на претпријатието согласно потребите, за што ќе добива провизија 8 отсто од нивната бруто-плата.
Инаку, во последниот период и други јавни субјекти склучувале договори со приватни агенции за привремени вработувања, што практично се склучува во предизборен период.
Имено, Општина Пробиштип склучула договор за привремени вработувања од 1,5 милиони денари, Општина Аеродром од 3 милиони денари, Општина Дојран од милион денари итн.