Велешанка најдена мртва во својот дом

by Frosina Fakova

Велешанка на возраст од 85 години пред три дена била најдена мртва во својот стан на улица „Христо Татарчев“ во Велес, соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на  јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје.

Обдукцијата на жената ќе утврди од што починала и дали била заразена со новиот вирус ковид 19.

 

Поврзани новости