Велешани се разграбаа за донирани јајца – поделени 2.000 табли

by irena 20:42
20:42

Велешани се разграбаа за „гага“ јајца. Поделени беа околу две илјади табли за само еден час, за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж, пишува „СДК.мк“.

Настана безредие, па мораше да интервенира и полицијата.

Информациите се дека ова е донација од дијаспората, а граѓаните земаа и по повеќе табли

Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во САД, преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“.

Трета година по ред компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Според очевидците, дел од присутните земале и по неколку табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.

Заедно со јајцата, волонтерите делеа и по една ќесичка црвена боја за вапсување.

Слични вести