184
Велешанецот Панче Жежовски му должел на еден од осомничите 500 евра, поради што бил избран за да биде киднапиран и да му се земе автомобилот, изјави јавниот обвинител Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција.
Како што појасни Бубевски, фризерот од Велес парите му ги должел на Љупчо Палевски.
– Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осмничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето, објасни обвинителот Бубевски.