Велешанец пронајден мртов во неговиот двор со траги од крв на главата

by Fokus

Во СВР Велес вчера во 13.25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63-годишниот Г.К. од Велес со траги од крв во пределот на главата, информираат денеска од велешката полиција.

Појаснија дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости