112
Бизарна несреќа се случила завчера во Велес, кога велешанец бил прегазен од неговото возило во дворот на викендичка во населба Отовица.
Како што информираат од СВР Велес, настанот се случил кога шеесет-годишниот маж го стартувал свето возило, за да го препаркира во гаражата, па потоа излегол да ја отвори вратата на гаражата.
Возилото Пежо кое го оставил да работи, се придвижило и го удрило.
Велешанецот со тешки телесни повреди бил донесен во Ургентниот центар во Велес, а настанот околу 14 часот бил пријавен во полиција.
-Извршен е увид и за настанот е известен Јавен обвинител, изјавија од СВР Велес.
Вики Клинчарова