Велешанец им наддавал суми пари на полицајци да го ослободат

by fokus

Велешанец бил приведен откако кај него синоќа била пронајдена голема сума на пари. Додека полицијата го спроведувала тој понудил поткуп да го ослободат.

-При преглед кај него, извршен околу 00.50 часот на ул.”Димитар Влахов” во Велес, кај него била пронајдена поголема сума на пари, по што бил приведен за понатамошна постапка. Во текот на спроведувањето кон Полициска станица Велес, И.Д. им понудил пари на полициските службеници за да го пуштат. Откако му било укажано дека со нудењето пари прави друго кривично дело, тој понудил поголема сума за да биде ослободен, соопшти МВР.

Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости