Платформата на албанските партии е несреќен документ изготвен во други држави кој наместо да помогне, ја искомплицира ситуацијата, рече Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за вестите на Сител.
-Документот во кој што за жал е направен надвор од државава, не давал никогаш позитивни резултати и затоа надвор од тој документ ќе се смогнат сили да оди Македонија напред. Убеден сум дека до 29 јануари ќе се завршат сите отворени прашања, дури и завршување на конститутивната седница и правењето влада – истакна Вељановски.
Тој тврди дека јасно е кажано дека нема можност , ВМРО-ДПМНЕ да дозволи продолжување на мандатот на СЈО.
– Имаа доволно време. Оваа хибридна ситуација треба да оди во историјата, ни требаат системски институции, а не хибридни – додава Вељаноски