514
Одговарајќи на прашање на обвинетиот Јане Ченто, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, како сведок на одбраната на денешното рочиште за 27 април рече дека за време на седницата забележал дека единствен пратеник кој не е присутен на седницата е лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ченто го праша Вељаноски: Точно ли е дека некој го известил Али Ахмети да го напушти Собранието пред да влезе толпата знаејќи дека ќе влезе народ. Вељаноски одговори:
– Јас забележав дека Али Ахмети не беше тука, од 120 пратеници, присутни беа 119 без Ахмети. А дали некој го известил јас не знам – рече тој.