Вељаноски: За станување од столчето ќе почекате малку, таа желба не ја исполнувам

by fokus 12:30
12:30

Александар Кирацоски на денешното осмо продолжение на собраниската конститутивна седница го повика на одговорност претседавачот Трајко Вељаноски, истакнувајќи дека тој е клучот за разрешницата на кризата.

-Ако работеше деловнички, зборот на 90 отсто од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија. Затоа господине Вељаноски или работете во интерес на граѓаните или напуштете ја таа фотеља, побара Кирацовски.

Вељаноски му одговори дека немал право да го ускратува правото на говор на пратениците и наведе дека за реплика на говорот на пратеникот Крсто Мукоски се пријавиле 70 пратеници.

– А за станување од столчето ќе почекате малку, таа желба не ја исполнувам , рече Вељаноски.

Поврзани новости