497
Претседавачот со конститутивната седница, Трајко Вељаноски, денеска им го исклучи микрофонот на две пратенички од СДСМ додека тие зборуваа од говорницата.
Вељаноски, го исклучи микрофонот на пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, додека таа говореше за неуспесите на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека таа нејзиниот говор не бил процедурален бидејќи не зборувала за процедурата.
Вељаноски ја исклучи и Милева Ѓорѓиева поради, како што рече, говорење надвор од темата. Спротивно на ова, Вељаноски не исклучи ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кој говорат за се, освен за точката на дневниот ред, а тоа е избор на претседател на Комисијата за избори и именувања.