Вељаноски: Нема причина да се одржат одвоено претседателските и парламентарните избори

by Fokus

Според поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски не постојат никакви причини претседателските и парламентарните избори да се одржуваат одвоено, освен како што вели, поради „партиските калкулации на власта“.

„Во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати (односно во 1994, 2009 и 2014 година) се одржале два изборни процеси истовремено. Оттаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски и/или безбедносно-политички причини да имаме одвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта“, напиша Вељаноски.

Поврзани новости