Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието

by Fokus

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски во соопштение до јавноста истакна колку потпретседатели се бирале со претходната, колку со сегашната власт.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието,  смета Вељаноски.

Поврзани новости