Вељаноски: И по 3,5 години се уште немаме закон за вонредна состојба

by Fokus

Поранешниот спикер Трајко Вељаноски вели дека и по 3,5 години, државата се уште нема закон за вонредна состојба. Со оглед дека идната година ќе имаме парламентарни и претседателски избори, според Вељаноски, потребен е тој закон.

„Идната година ќе имаме претседателски и парламентарни избори! Нема никаква оправданост економска, политичка во текот на една година да имаме избори во различно време, па следствено на тоа, јасно е дека во исто време ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори. Но, за да се исполни тој услов потребно е да има предвремени парламентарни избори, а за да се оствари тоа потребно е да са распушти Собранието 60 дена пред одржување на изборите. Следствено на тоа во времето кога Собранието е распуштено може да се јави потреба да се воведе вонредна состојба како што беше со пандемијата во 2020 година“, пишува поранешниот претседател на Собранието.

Тој додава дека не се научени лекциите од 2020 година кога претседателот воведе вонредна состојба, во услови кога Собранието беше распуштено, а немавме закон за вонредна состојба во кој се прецизирани уставните обврски на институциите и се пополнети правните празнини во непредвидени ситуации.

„Тогаш сите политички фактори тоа го сметаа за најголем недостаток и си земаа за задача во новиот парламентарен и владин состав тоа прашање под итно да го решат за да има јасна законска процедура за идни случаи“, вели Вељаноски.

 

Поврзани новости