464
Веќе шести ден се трага по шестгодишното дете кое исчезна додека се играло на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово. Од СВР Тетово велат дека потрагата по детето сѐ уште трае.
-Интензивно се трага по детето низ Тетово, но и пошироко. Штом ќе имаме некаква информација, ќе ја известиме јавноста, вели Маријан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Шестгодишното дете исчезнало на 18 мај во саботата, околу 21 часот, а неговите родители дури во понеделникот пријавиле во полиција. Како што рекле родителите, тие се обиделе сами да го пронајдат синчето, а потоа се одлучиле да побараат помош и од полицијата.
Ова семејство е од Прилеп, но времено престојувало во Тетово, десетина дена, бидејќи собирале старо железо.
В.В.