Веќе шест месеци се „калкулира“ со изборот на обвинители во Организиран и Вишото обвинителство

by fokus

Советот на јавни обвинители денеска не дозволи новинари да присуствуваат на закажаната седница. Екипата на Телевизија 24 доби образложение дека присуството не е дозволено поради почитување на ковид протоколите, односно просторијата во која се оддржува седницата е мала.

Во Законот пак пишува дека седниците се јавни, а јавноста може да биде исклучена во исклучителни ситуации, што денеска не беше случај.

На денешната седница повторно на дневен ред не се најде изборот на јавни обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција и во Вишото обвинителство, каде што треба да бидат избрани по 5 обвинители.

Конкурсот беше распишан пред шест месеци, а „Фокус“ не доби одговор зошто оваа точка се уште не е ставена на дневен ред. Инаку на листата на кандидати се повеќето обвинители кои беа дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

 

Поврзани новости