Екс премиерот Никола Груевски седна на обвинителна клупа заедно со останатите обвинети во случајот ТНТ на СЈО за уривање на објектот „Космос“, но главната расправа никако да започне.
Веќе еден час трае правното надмудрување на адвокатите и судијата Огнен Ставрев, бидејќи одбраната бара одложување на рочиштето.
Адвокатот Димитар Дангов прво истакна дека треба да го разгледаат писмениот и видео записникот, за да можат да ја спремаат одбраната. Адвокатите реагираа и дека не го добиле доказите од СЈО, мислејќи на смс пораки.
До овој момент, судијата се уште не се изјасни дали ќе го одложи рочиштето.
Од СЈО, пак бараат главната расправа да започне, истакнувајќи дека одбраната имала можност да направат увид во доказите за време на истрагата, но тоа не го сториле.
Адвокатите, пак се повикаа на решение на судот, со кое му наложиле на обвинителот Бурим Рустими да им достави це-де со смс пораки и аудио разговори.
В.В.