Веќе час и половина доцни изборот на шеф на Вишото обвинителство во Скопје

by fokus

Веќе час и половина доцни седницата на Советот на јавни обвинители, на која една од точките на дневен ред е и изборот на шеф на Вишото обвинителство во Скопје.

Членовите на советот се присутни во канцелариите, но никако да влезат во салата каде што се оддржуваат седниците.

На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

На денешната седница треба да биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот обвинител на Организиран, Ислам Абази.

На истата седница е предвидено да се изгласаат уште неколку шефови на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Исто така ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

В.В.

Поврзани новости