Вељаноски во воведен говор: Македонскиот народ најмногу страда од слугите на сите режими

by fokus

Сметам дека ова обвинение е направено за политички цели од политичката партија која е на власт.

Ова обвинителство, исто како и СЈО било коцка од мозаикот за присилување на пратеници за гласање на уставните измени.

Вака го започна воведниот говор, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски кој е обвинет за организирање на крвавиот четврток којшто се случи на 27 април 2017 година.

За воведниот говор на Обвинителката Вилма Русковска рече дека бил политички без никакви докази.

-Нема да се осврнам на навредите, оставам судот и јавноста да ценат, рече Вељаноски.

Иако Русковска не беше во судница, туку нејзината замена, Ивана Трајчева тој сепак и забележа дека во воведните зборови не го цитираше целиот цитат на великанот Гоце Делчев па тој го цитираше: “Јас не познавам друг народ освен македонскиот, кој повеќе страдал од своите синови”. На оваа мисла тој додаде и своја мисла: Македонскиот народ најмногу страда од слугите на сите режими.

Во својот воведен говор Вељаноски детално се осврна на процедурата односно текот на конститутивната седница.

Тој порача дека тврдењето на Обвинителството дека му дал збор преку ред на пратеникот Зекирија Ибрахими, не е точно, бидејќи му дал збор процедурално. Тој станал да пее на албански, но Вељаноски не разбирал што пее.

Вељаноски го предложил Ибрахими како сведок во судот.

Тој потврди дека од неговите служби добил порака за содржината на пресот на тогашниот пратеник, Зоран Заев, но тоа вели било редовна пракса, а истото дека ќе се бира претседател, Заев го кажал претходно на седницата.

Таа порака ја препратил до пратеникот и тогашен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, но информацијата била и јавно достапна за медиумите.

Исто така потврди дека на 26 април, претходниот ден, Груевски ми препратил порака од тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој најавувал дека дента ќе се избира претседател. Оваа содржина се покажала како неточно, па за Вељаноски најмеродавен доказ за него биле многуте пријавени за глас.

Според него, се што се случувало по 18 часот во Собрание, било противзаконски и противуставно, бидејќи тој го закажал продолжението за следниот ден, со согласност од другите политички партии.

Вељаноски се појави и на судењето за упадот и не прецизираше тогаш, зошто додека било насилството седел и гледал од Кабинет и не реагирал.

Ф.Ф.С

 

 

Поврзани новости