Времето денеска ќе биде сончево, но ветровито, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови од земјата силен северозападен ветер, кој наместа ќе биде со јачина од 70 километри на час.
„Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени во Маврово до 15 степени во Гевгелија. А максималните дневни од 12 степени во Маврово до 21 степен во Гевгелија“, велат од УХМР.
Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево со мала локална облачност, но со силен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне 22 степена“, информираат синоптичарите.
Според прогнозата на УХМР, следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, што ќе растат во текот на денот.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, кои во одредени делови од државата ќе бидат пообилни.