Вечерва во Скопје измерени 30 степени

by fokus

Речиси 30 степени Целзиусови вечерва во 20 часот биле измерени во Скопје, односно во мерната станица на Зајчев Рид.

Како што соопшти УХМР, измерена температура во 20 часот, односно најтопло вечерва е во Скопје-Зајчев Рид со измерени 29.7°C.

За утре пак, прогласен е жолт аларм за Вардарскиот односно Скопскиот регион.

Сончево и многу топло со мала локална облачност вели прогнозата за утре. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Поврзани новости