Четворицата осомничени, меѓу кои и таткото на киднапираната и убиена Вања, Александар Ѓорчевски вечерва во осум часот повторно ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, каде што треба да се одлучува за нова мерка притвор, односно дали ќе добијат 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, тие вечерва ќе бидат спроведени од затворот „Скопје“ во Кривичниот суд, каде најверојатно пак ќе даваат исказ и ќе се одлучува за нов притвор, со оглед на тоа што претходно беа притворени само 48 часа.
Таткото на Вања деенска во текот на денот даваше исказ по вторпат, но тој упорно негира дека бил вмешан во киднапирањето на неговата ќерка, кој само три часа откако била грабната од влезот во зградата, каде што живеела со нејзината мајка и сестра, веднаш била убиена,
Во јавноста денеска се вртат разни муабети околу тоа како била убиена, па професорката Фросина Ременски истакна дека може се задушила додека била врзана во гепекот во возилото ситроен, кое било управувано од тројцата осомничени, а пред нив цело време се движел Љупчо Палевски – Палчо, кој ја ликвидирал 14-годишната Вања и фризерот од Велес, Панче Жежовски.
Тој во моментот е во бегство надвор од државата, а против него е распишна и меѓународна потерница.
Ирена Мулачка