723
Македонската фудбалска репрезентација го одработи утринскиот тренинг во „Национална арена Букурешт“.
Ова е четвртиот ден подготовки за избраниците на селекторот Игор Ангеловски по пристигнувањето во романската престолнина во пресрет на Европското првенство.
„Црвено-жолтите“ својот прв настап на ЕВРО 2020 ќе го имаат в недела од 18 часот против австрискиот национален тим.