Министерот за здравство Венко Филипче најави дека доколку клиничката состојба на пациентот дозволи, вечерва ќе биде изведена првата трасплатација на срце во Македонија.
-Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот!, соопшти Филипче.