679
Вечерва се вршат претреси кај тројца од осомничените од истрага која се објави денеска, а произлезе од случајот „Рекет“, откри обвинителката Вилма Русковска.
Таа рече дека за пратеничката Фросина Ременски се предложени мерки за претпазливост.
Вечерва на распит беше Јасна Мандиќ на која и беше определен куќен притвор, а останатите осомничени на распит ќе бидат повикани утре.