Вечерва лидерска средба во Влада, за Мицкоски „проектот Катица Јанева е завршена приказна“

by Fokus

Вечерва во Владата ќе се одржи лидерската средба меѓу премиерот Заев и  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што најави Заев, ќе бидат теми за разговор на средбата. Според Заев, за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

– Да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, рече Заев.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека ќе се разговара за тие три значајни прашања. Во однос на СЈО, за Мицкоски тоа е завршена работа. Во интервју вво емисијата Отворено на Алфа ТВ тој рече  дека „проектот Катица Јанева е завршена приказна затоа што СЈО не ги исполни очекувањата за тоа што беше формирано и целосно ги разочара граѓаните“.

 

Поврзани новости