969
Со почеток од 20 часот во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, вечерва ќе биде промовирана песната со која Македонија ќе настапи на Детски Евросонг.
Станува збор за нумерата „My life ahead of me” во изведба на Лара Трпческа, ќерка на пијанистот Симон Трпчески, и Ирина Давидовска и Јован.
Видео записот за песната пак, ќе бил промовиран на официјалната Јутјуб платформа на Јуниорски евровизиски музички натпревар.
Првично од МРТ беше соопштено дека песната ќе ја изведат само Лара и Ирина.
Инаку, Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија, по претходно одржана аудиција одлучи кој ќе не претставува на изборот годинава.
Детски Евросонг ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија.
Вики Клинчарова