Вечерва e прогласувањето на нашиот евровизиски претставник: Може ли Македонија да се надева на победа во Италија?

by fokus

Вечерва во 21.15 часот во емисијата ,,Стисни плеј” на МРТ1 во живо ќе оди прогласувањето на нашиот претставник на Евровизија 2022.

Во игра се шест кандидати, кои претходно беа избрани од страна на жири комисија од МРТ. Станува збор за младите музичари Кали, Андреа, Јон Ајди, Виктор Апостоловски, Рис Флауер и Лара. Која е причината поради која од натпреварот изостануваат докажаните музички имиња од нашата естрада, и дали воопшто некои од повозрасните пејачи конкурирале, од МРТ не дадоа одговор.

На љубителите на музичкиот настан им преостанува само да се надеваат дека нашиот претставник ќе се покаже во најдобро светло и ќе ни донесе добар резултат.

За избраните песни јавноста може да гласа онлајн до 20 часот вечерва.

Гласовите од јавноста се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири, известија од МРТ.
Евровизија ќе се одржи во мај во Торино, Италија, со две полуфинални вечери на 10-ти и 12-ти, и со големото финале на 14-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале, на 12-ти мај.

Вики Клинчарова

Поврзани новости