811
Доктор Мухамед Асани пред неколку дена беше разрешен од функцијата директор на струшката болница, по целата состојба со родилката Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени три органи.
Во интервјуто во Студио 10 на ТВ 24, Веапоска се заблагодари што Асани се соочи со санкција, но се уште постои разочарување кај неа.
„Благодарност до Министерството за здравство што го разреши доктор Мухамед Асани. Но, тој се уште ќе работи како доктор, се уште ќе породува други жени. Зошто не доби посериозна санкција?“, загрижено прашува Веапоска.