Вдовицата на Пригожин го вратила моминското презиме

by Fokus

Љубов Валентиновна Крјажева – сопругата на Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, кој загина во авионска несреќа, го сменила презимето неполн месец по загубата на сопругот, пренесува рускиот портал „Фонтанка“. Таа под тоа име е запишана во службените книги на 15 септември.

Двајцата имаат две ќерки и еден син.

Евгениј Пригожин загина на 23 август во авионска несреќа во областа Твер во Руската Федерација.

Тој бил во авионот во кој загинале вкупно десет лица.

 

Поврзани новости