361
Вечерва околу 21 часот е ограбена уште една спортска обложувалница во Скопје, овојпат во населбата Топанско Поле, пренесуваат дел од медиумите.
Како што се дознава, грабежот го извршил вооружен маж со пиштол, по што побегнал од објектот.
Нема информации дали и колкав плен е украден, но ако се знае дека денеска се играат натпреварите од фудбалската Лига на шампиони, сигурно крадецот бил запознаен со тоа дека обложувачите „ги наполниле“ обложувалниците во земјава.
Инаку, вчера во слично време, беше ограбена обложувалница во скопската населба Влае. Ограбувачот под закана на оружје одзел одредена количина на пари, по што побегнал во непознат правец.