530
На територијата на Скопје во полициска контрола вчера се казнети 150 возачи, од кои 21 за немање возачка дозвола.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 19 санкции се изречени за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет казни за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на црвено светло.
МВР укажува дека ќе продолжат засилените акциски контроли на полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.