325
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 147 мерки.
Како што информираат денеска од МВР, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 11 санкции, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), а 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за непрописно престигнување и обиколување…
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.