Првиот човек на здравство, Венко Филипче посочи дека во салата „Борис Трајковски“ почна имунизацијата на населението, конкретно на вработени во критичната инфраструктура.
– Вчера се вакцинирани близу 2500 граѓани и продолжува оној систем на имунизација во сите здравствените домови ширум државата на возрасната категорија граѓани над 77 години. Како доаѓаат вакцините ќе се дополнуваат овие два системи, ќе се намалува возрасната граници. Возрасните граѓани ќе бидат повикувани преку матичните лекари, а преку системот на закажување и пријавување во институциите ќе се зголемува и бројот на граѓани кои ќе се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“. Оптимумот, бројот кој сакаме да го постигнеме е да имаме околу 7000 вакцинирани граѓани на ден. Би можело тоа и да се зголеми, меѓутоа одиме чекор по чекор. Сепак ова е нов систем и сакаме добро да функционира. Вчера немаше никаков проблем и се надевам така ќе продолжи и во следниот период, додаде Филипче.
Фото – Томислав Георгиев