Вчера се вакцинирале 6.478 граѓани против Ковид-19

by fokus

Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 3.712 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани. Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани, информира Министерството за здравство (МЗ).

Со последните бројки, како што се наведува во соопштението, барем една доза вакцина имаат примено 51 отсто од населението над 70 години, 45 проценти од граѓаните над 65 години и 38 отсто од лицата над 60 години.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213 граѓани. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, велат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што посочуваат, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Поврзани новости