Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 239.283 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.995 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 дози вакцини, а ревакцинирани се 107.648 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, велат од Министерството.
Додаваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.