На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, од кои 36.366 граѓани се ревакцинирани.
Вчера прва доза вакцина примиле 9. 711 лица, а со оние граѓани што примиле и ревакцина, вкупно се вакцинирале 12.211 во текот на вчерашниот ден.
Со последните бројки, 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, велат од Министерството за здравство и се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.
Граѓаните немаат право на избор со која вакцина против ковид-19 сакаат да се вакцинираат.