402
АД ЕСМ известува дека во текот на вчерашниот ден биле произведени 15.179 мегават часови електрична енергија, со што целосно биле задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во термоелектраните се произведени 12.933 мегават часови електрична енергија , а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени се 2.246 мегават часови.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба биле набавени 850 мегават часови струја.
– Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, појаснуваат од АД ЕСМ.