Вчера избувнале 33 пожари, 2 уште се активни

by Фокус

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари.

Според информациите на Центарот за управување со кризи, противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, изгаснале 31 пожар, а два пожари утрово сѐ уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање и догаснување.

Двата активни пожари се во општина Брвеница, кај село Милетино, каде гори борова шума и ниска вегетација, што беше изгаснат, но ноќта повторно почнал да гори и во општина Могила, кај село Лознани, каде гори ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума.

Поврзани новости