Вчера биле казнети 142 пешаци

by fokus

При засилената акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот, санкционираше 142 пешаци, од кои 118 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Како што соопшти МВР, покрај ова, на 17 пешаци им се издадени покани за посетување на сообраќајна поука.

За време на контролата се регистрирани и 44 останати прекршоци.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости