Во голема полициска акција уапсени се српски државјани за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала 100 килограми кокаин.
Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Видеото од акцијата го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, а акцијата се одржала во исто време во Холандија, Белгија, Луксембург и Србија.
Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, државјани на Србија Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека е резултат на кривично дело, додека во Белгија и Луксембург се уапсени државјаните на Србија С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42).